Од ноќеска на полноќ бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 поевтинуваат за 2,5 денари за литар. Еуродизелот поевтинува за 1,5 денари, а за денар поевтино ќе се продава екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Објавил: Перо Милчин | 4 април, 2022 17:29

Од полноќ нови поевтинувања на горивата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од ноќеска на полноќ бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 поевтинуваат за 2,5 денари за литар. Еуродизелот поевтинува за 1,5 денари, а за денар поевтино ќе се продава екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер 95 ќе изнесува 81 денар за литар, а за 83 денари за литар ќе се продава еуросупер 98. Литар еуродизел ќе чини 82 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.

За 1,976 денари се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС, а килограм ќе чини 54,154 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти  во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646 проценти или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275 проценти или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 процент или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204 проценти или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223  проценти понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, објаснува РКЕ во образложението за новата цена на нафтените деривати.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.