Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години

Објавил: admin@magazin | 3 септември, 2023 16:38

За утре во 18 часот е закажан и протест поради случувањата во Онкологија.

Фото/Текст извор: ©Fokus/ Vlada

За утре во 18 часот е закажан и протест поради случувањата во Онкологија. Повикот веќе се шири на социјалните мрежи, а настанот е најавен како надпартиски.

Утре (понеделник) со почеток од 18 часот, ве повикуваме на протест пред Владата, каде заедно ќе го искажаме гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за онкологија. Протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе повикаме на оставка и одговорност од сите министри за здравство!

Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години, се наведува во објавата за утрешниот протест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.