Според неодамнешната одлука, Европската централна банка ја укинува банкнотата од 500 евра.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 9:13

“ЗБОГУМ” на банкнотата од 500 евра

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Седумнаесет од 19 централни банки во еврозоната од 27 јануари повеќе нема да издаваат банкнота од 500 евра, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

 Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија ќе продолжат до 26 април оваа година да ја издаваат таа банкнота.
Постоечките банкноти од 500 евра ќе продолжат и понатака да бидат законско платежно средство, а тоа значи дека граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење. Банките и менувачниците  како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја има својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната. Весникот Штутгарт нахрихтен пишува дека, мал е бројот на луѓе кои до сега во рацете ја имаа виолетовата банкнота.

Банкоматите ретко кога ја исфрлаат таа банкнота, иако ги има околу 600 милиони парчиња во оптек. Ретко на кој ќе му недостига банкнотата од 500 евра, пишува германскиот весник, а пренесува Дојче веле.

Весникот Штутгард пишува и дека банкнотите од 500 евра сочинуваат околу третина од целокупната вредност на кешот во евра во оптек. Ќе биде потребно да се допечатат големи количества банкноти од 100 и 200 евра.

Се проценува дека повлекувањето на старите банкноти, печатењето и дистрибуцијата на новите ќе чини најмалку половина милијарда евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести