Заради големината на овој скандал премиерот Заев вети дека преку министерката Дескоска ќе поведе истрага за судењата во овој суд, преку надлежниот Судски Совет

Објавил: Данаил Михајловски | 29 декември, 2018 7:51

Збунетиот судија Џолев

Фото/Текст извор: ©магазин

Откако јавноста дозна дека амбасадорот Бејли преку писмо го “искарал Џолев“ за работата на Кривичниот Суд, истиот излезе на телевизија да се правда. Гледајќи го тој настап на 24Вести можеше да се заклучи дека Џолев, иако е претседател на главниот Суд, сепак е една збунета личност, на која и фали многу самодоверба и авторитет.

“Точно е дека амбасадорот Бејли упати писмо и беше побарано да ја споделам содржината со колегите и тоа го направив на колегиум, пораката требаше да остане меѓу нас, но ете излезе информацијата и во јавност“, се правдаше судијата Иван Џолев, првиот човек на Кривичниот суд. Главниот напор кој го вложи судијата Џолев во овој јавен настап беше да ги увери гледачите дека “има само една реченица во која изразува загриженост бидејќи имало луѓе не од судот, луѓе кои шпекулираат дека одредени судии своите одлуки ги носеле врз влијание еве конкретно од САД амбасада“. Но, дали разочарувањето од судењата во судот на Џолев било во една или во три реченици не е толку битно, колку што е важен фактот дека прв пат во 29 години независна држава еден амбасадор му пишува писмо на кривичниот Суд во кој споменува местење на судски одлуки според влијанија надвор од судот. Овој момент со писмото е досега најголемото јавно посрамотување на Основниот суд Скопје1. Заради големината на овој скандал премиерот Заев вети дека преку министерката Дескоска ќе поведе истрага за судењата во овој суд, преку надлежниот Судски Совет.

Инаку судијата Џолев за претседател на Кривичниот суд беше избран во Ноември 2017та година, од страна на Судскиот Совет. Тогаш меѓу кандидатите Џолев беше најлошо рангиран според бодовите, кои се резултат на работата на судиите. Кандидатите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски и Верка Петковска имаа по 260 бодови, Ристова имаше 244, Осман Шабани 232, а судијата Ѓоко Ристов 215 бода, односно сите овие судии имаа највисока квалификација „многу добри“. Тогаш како кандидат за претседател на судот, судијата Џолев имаше само 192 бода. Можеби на тоа се должи и неговиот слаб авторитет меѓу судиите и во јавноста. Но, политиката изгледа и тогаш беше посилна од квалификациите, па така и Џолев беше избран за претседател на Кривичниот суд.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести