И зголемувањето на полициското присуство пред објектот на Собранието на Македонија, интенција плус дека Џафери планира на гласање да го стави предлогот за уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 15:37

Зголемено полициското обезбедување пред Собранието на Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Собранието денеска треба да продолжи седницата за уставните измени, но неизвесно е дали ќе се гласа.

Во пресрет на денешната седница на Парламентот, од Брисел и Вашингтон, стигнаа пораки на “охрабрување” до пратениците за поддршка за уставните измени.

Големо полициско обезбедување денеска е забележано околу зградата на Собранието и околу него.

Врие од полиција пред собрание, се очекува ли гласање денеска поради што е побарано поголемо обезбедување?

На последната седница пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од своите дискусии и најавија дека ќе гласаат против уставните измени.

Сепак официјално има уште 20 – тина пратеници кои се пријавени за збор, меѓу кои и од коалициските партнери на ВМРО – ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.