Косовскиот пратеник, Миљаим Зека, уапсен заради јавни закани изречени кон обвинител од Специјалното обвинителство на Косово, порача дека "ќе ги расчисти сметиките"

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 10:44

Зека: Моето апсење е политичко

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот пратеник и новинар, Миљаим Зека, кој беше уапсен заради јавни закани изречени кон обвинител од Специјалното обвинителство на Косово, им изјави на претставници на Советот за заштита на човековите права и слободи кои го посетија во притвор, дека не бил малтретиран од полицијата, а апсењето го смета за политичко.

Зека беше приведен по налог на приштинското Јавно обвинителство, поради заканите во интервју на телевизијата Т7 кон специјалниот обвинител Африм Шефкиу, кој го води предметот во кој пратеникот на владејачката Иницијатива за Косово (Нисма) е обвинет за измами со визи.

Зека во спорното интервју, во понеделникот вечер, изјави дека е понижен и дека “ќе ги расчисти сметиките” со Шефкиу и “ќе ја истера правдата, според канонот (на Лека Дукаѓини) и приватно”.

Невладината организација соопшти дека Зека, кого го посетија во притворот во Приштина, ги информирал дека бил повикан во полиција ден претходно, а вчера во 09:00 часот доброволно се пријавил во полициската станица, каде што бил испрашуван од двајца полициски иследници, кои ги испочитувале сите со закон предвидени процедури.

Тој има забелешка единствено на тоа што Обвинителството одлуката за негово приведување прво ја испратило до медиумите, а потоа до полициските истражители и до него.

Огранизацијата констатира дека при апсењето, испитувањето и задржувањето во Притворскиот центар, кон господинот Зека се испочитувани правата кои се предвидени за лицата лишени од слобода. -се вели во соопштението на невладината организација по посетата на Зека во приштинскиот притвор.

Пратеникот на владејачката Нисма тврди дека неговото приведување, како и обвинението за измама на граѓани со работни визи за Германија (според обвинението, 900 лица се измамени и оштетени со вкупно 350 илјади евра) имаат политичка позадина.

Случајот со визите ми го наместија (претседателот на Косово) Хашим Тачи, (претседателот на Собранието) Кадри Весели и (државниот обвинител) Александар Љумези, изјави Зека во интервјуто во кое ги изрече заканите кон обвинителот Шерифи, кој, според него, ги спровел наредбите на споменатите државни функционери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.