Потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зеќири, со навреди кон сите оние граѓани, кои нема да гласаат на 30 септември, па ги нарече криминалци, луѓе без вера и нација

Објавил: Мартин Попоски | 18 септември, 2018 6:29

Зекири: “Против референдумот се криминалци, без вера и нација”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Против се само кримниналците во земјава, кои немаат ниту нација ниту вера, кажа потпретседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Мухамед Зеќири.

Тој пред дебарчани истакна дека референдумот е од историско значење по што треба да се постават стандарди каде што ќе фунционира законот, онака како што фунционира тој во земјите на ЕУ.

Нема да има привилегирани личности ниту групи и сите ќе бидеме исти пред законот – рече Зекири и додаде дека Македонија во пресрет на референдумот добива и силна подршка од светски лидери.

Откако навреди 2/3 од македонскиот електорат, Зеќири продолжи.

Силно веруваме дека на 30 септември Македонија ќе има успешен референдум со што се отвара патот за членство во НАТО и ЕУ. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле кон законот, тоа е и обврска на Македонија пред ЕУ бидејќи реформите мора да се спроведат –кажа Зеќири.

Дебарскиот регион има голем број на печалбари во земјите на ЕУ. Со референдумот ќе се создадат услови за повеќе вработувања во земјата а тие кои се надвор на печалба, фактички ќе го почуствуваат и благодетот на Македонија како членка на ЕУ, истакна на отворената трибина Зеќири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести