Повторно шпекулации со изјави на странски државници произведува кабинетот на Заев, овој пат целосно ја извадиле од контекст изјавата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 6:36

Зеколи му преведе на Заев што му кажал Пенс

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Аналитичарот Арсим Зеколи, повторно со жестоки критики на својот Твитер профил упатени кон Заев и Владата на СДСМ и ДУИ.

Зеколи смета дека грешките од кабинетот на Заев и министерството за пропаганда веќе е повеќе од евидентно дека се со интенции да се доведе јавноста во заблуда со извртени интерпретации од изјави од странски државници што е мизерно и недолично.

Овој пат тој заележа дека Заев повторно е изгубен во преводот или пак се обидува да ја манипулира јавноста со лажни достигнувања, што не е ни прв а ни последен пат, изјави од средби на Заев со странски претставници да бидат грешно преведени или толкувани.

Зеколи истакнува дека американскиот потпретседател Мајк Пенс при средбата со премиерот Заев во ниту еден момент не рекол дека, “Македонија го добива заслуженото место во евроатлантските структури” како што пишуваше во официјалното соопштение на кабинетот на премиерот Заев.

Пенс изјавил “напредокот кон членство во НАТО и ЕУ“, што е и наведено во официјалниот стенограм на Белата куќа, што претставува разлика, забележува аналитичарот Арсим Зеколи.

Премиерот Заев да е трагедијата поголема ниту еден момент при средбата со Пенс не бил сам, туку бил придружуван од вицепремиерот за Евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи, често негов личен фотограф, Никола Димитров за кои се претпоставува дека одлично го владеат англискиот јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.