Аналитичарот Арсим Зеколи со остра критика кон ЕУ и САД, тврди дека треба да се расчисти со корумпираната елита од Западен Балкан, но тоа треба прво да почне од Брисел и Вашингтон

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 14:56

Зеколи: Пред да почнете од Западен Балкан, исчистете коримпирани политичари во Брисел и Вашингтон

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По безбројните повеќегодишни критики од САД и ЕУ дека на Западен Балкан мора да се воведе владеење на правото, се огласи и Арсим Зеколи.

Аналитичарот Арсим Зеколи, со жестока критика упатена кон ЕУ и САД, поради како што вели, нивното одбивање да раскрстат со локалните корумпирани политички елити од Западниот Балкан.

Според него нивното не делување создава сериозна опасност од воен конфликт кој ќе го потикнат и започнат истите тие корумпирани елити кои западот ги штити.

За крај Зеколи посочи дека чистката треба да започне во Брисел и Вашингтон.

Се додека ЕУ и САД одбиваат да раскрстат со локалните корумпирани владејачки елити од Западен Балкан, сигурно ќе демнее опасност од војна која што ќе ја поттикнат и започнат истите корумпирани елити. Но чистењето треба прво да започне во Брисел и Вашингтон. – вели Зеколи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.