Хашеми бил убиен недалеку од неговата куќа, пренесува Ројтерс, и се наведува дека напишал бројни текстови за Исламската држава и за полицијаташто работела во Ирак со поддршка на Иран.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јули, 2020 16:47

УБИЕН ПОЗНАТ ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР: Го чекале пред неговиот дом, не му простиле се што напишал за нив!

Фото/Текст извор: ©ало.рс

Вооружени лица го убиле денеска во Багдад Хишам ал-Хашеми, истакнат поранешен советник и политички аналитичар на Ирак, соопштија полицијата и здравствените извори.

Хашеми бил убиен недалеку од неговата куќа, пренесува Ројтерс, и се наведува дека напишал бројни текстови за Исламската држава и за полицијаташто работела во Ирак со поддршка на Иран.

Полициски извори за Ројтерс изјавиле дека вооружени напаѓачи на мотоцикли пукале во Хашеми пред неговата куќа во источниот Багдадски округ Зајун.

Британската агенција наведува дека Хашеми имал добри врски со политичари, активисти и функционери на ирачкиот парламент, како и дека работел како советник во поранешната влада на ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади.

Официјален претставник на сегашната ирачка влада на премиерот Мустафа ал-Кадими изјави дека Хашеми работел неофицијално како нејзин советник, додава Ројтерс.

Досега никој не ја презеде одговорноста за убиството на Хашеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.