Таа формација може да изгледа како флуидна и предизборна, но како и да е комоцијата со која ДУИ владееше сега ќе ја нема, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил и додаде дека несомнено е дека Заев ќе ја составува владата, без условот на ДУИ -Албанец премиер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2020 10:42

Ѓунер Исмаил: Заев ќе формира Влада, без условот за Албанец премиер (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©слободна тв фото курир.мк

Јасно е дека СДСМ продолжува понатака со свесно платена скапа цена за тоа што мораше да го прави минатите години за санација на земјата. ДУИ доби уште една шанса да продолжи во реформирање на партијата. Имаме една крупна опозициона формација во албанскиот блок која и тоа како ќе биде гласна.

Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат.

Таа формација може да изгледа како флуидна и предизборна, но како и да е комоцијата со која ДУИ владееше сега ќе ја нема, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил и додаде дека несомнено е дека Заев ќе ја составува владата, без условот на ДУИ -Албанец премиер.

-Оваа земја пред две три години беше заробена држава, упропастена администрација и една морална дегенарација на општеството. Во таква ситуација овие лево-десни или десно-леви политички ориентации најубаво пливаат. Фигурата или фигурите кои во името на Левица ќе бидат фронтмени ќе биде доказ дека ние се уште сме една балканска држава-рече Исмаил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести