Војна помеѓу Кличко и Зеленски

Објавил: Македонка Димкин | 2 јуни, 2023 22:46

Зеленски го обвини градоначалникот на Киев, Кличко: Болно е да се гледа негрижа, жртви

Фото/Текст извор: ©Згардијан

Три лица загинаа, меѓу кои деветгодишно девојче и нејзината мајка, кога паднале шрапнели додека вчера чекале да влезат во засолниште.

„Должност на локалните власти, многу специфична должност е да обезбедат засолништата да бидат достапни 24 часа на ден. Болно е да се види негрижа. Болно е да се видат жртви“, рече Зеленски.

Јарослав, чија сопруга Наталија беше убиена во рускиот напад, изјави за украинската јавна служба дека вратите на засолништето во североисточниот кварт Десњански останале затворени откако се огласиле сирените, пишува Гардијан.

„Луѓето тропаа, тропаа многу долго. Имаше жени, деца, но никој не ја отвори вратата“, рече тој. Тој додаде дека нивната ќерка поради тоа морала да биде сведок на смртта на нејзината мајка. Други локални жители ја потврдија приказната, велејќи дека одговорниот чувар не успеал да ја отвори вратата во краткиот период помеѓу алармот и паѓањето на шрапнелите на земја.

Иако Зеленски директно не го именуваше Кличко, неговиот акцент на локалните власти јасно покажува дека тој верува дека градските лидери се одговорни за трагедијата. Од крајот на април Киев речиси секој ден е цел на руски напади. Жителите на Киев често се будат околу 2 часот по полноќ и се принудени да одлучат дали да се кријат од бомбите дома или да брзаат во засолништата.

Имаше воздушен напад во секоја од последните шест ноќи. Кличко се пожали дека буџетот за засолништа за воздушни напади во Киев ќе истече на крајот на јуни и рече дека функционерите на градската област биле назначени директно од Зеленски. „Се работи за заедничка и еднаква одговорност“, рече градоначалникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.