Легендарниот украински боксер Владимир Кличко се враќа во рингот по двегодишна пензија.

Објавил: Перо Милчин | 23 јануари, 2019 13:48

Владимир Кличко се враќа во боксерскиот ринг

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко се враќа во рингот по двегодишна пензија, тврди Британецот Дилан Вајт.

Украинецот Владимир Кличко беше светски шампион во тешка категорија од 2006 година, а сега планира да им се реваншира на двајцата Британци, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.

Британецот Дилан Вајт е боксерски шампион и требаше да биде првиот ривал на 42 – годишниот Кличко уште во април годинава, но Украинецот ја одбил оваа борба.

Ми ги даде најголемите комплименти и ми рече дека му се потребни барем две борби за да биде подготвен за мене, изјави Вајт и додаде: Владимир Кличко дефинитивно се враќа во рингот.

Тајсон Фјури го победи Владимир Кличко во 2015 година, а Џошуа две години подоцна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести