„Свесни сме дека окупаторите се бројно посилни. Дека имаат повеќе технологија“, рече тој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 април, 2022 8:14

Зеленски конечно призна: Русите се многу посилни од нас и имаат повеќе технологија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во вчерашното видео на својот канал Телеграм призна дека Украина е свесна дека Русите се посилни.

„Свесни сме дека окупаторите се бројно посилни. Дека имаат повеќе технологија“, рече тој.

Но, тој додаде дека „немаат друг избор“.

„Сега се решава судбината на нашиот народ. Знаеме за што се бориме. И правиме се за да победиме“, заклучи Зеленски.

Европската комисија денес предложи забрана за увоз на јаглен од Русија, што би биле првите санкции против руската енергетска индустрија поради нападот на таа земја на Украина.

Предлогот за забрана за увоз на руски јаглен е дел од пакетот на санкции против Москва и мора да биде усвоен едногласно, односно мора да го поддржат сите 27 земји членки на ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.