Зеленски додаде дека ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпе во врска со истрагата за авионската несреќа во која загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 10:33

Зеленски: Постои можност авионот да е соборен од ракета

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека можноста украинскиот патнички авион да е соборен од ракета не е исклучена, но оти се уште не е потврдена.

Зеленски додаде дека ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпе во врска со истрагата за авионската несреќа во која загинаа 176 патници и членови на екипажот.

Вчера во изјава за медиумите канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека доказите укажуваат дека иранска ракета го соборила украинскиот патнички авион. Тој истакна дека нападот „можеби бил ненамерен“.

Авионот се урна неколку часа по иранскиот ракетен напад на две бази во Ирак што ги користат американски војници.

Вчера „Newsweek“, повикувајќи се на извори од Пентагон објави дека авионот од Украина кој се сруши во вторникот на Техеран во Иран, го собори руска ракета.

Како што пренесува „AFP“, неименуван висок американски разузнавач изјавил дека авионот бил срушен од руската ракета Tor-M1 земја-воздух, која ја користи иранската воздушна одбрана.

Пентагон проценува дека авионот случајно е соборен.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека уривањето на украинскиот авион можеби се случило по грешка, но додаде дека имал ужасно чувство во врска со тоа, без да наведе детали.

-Некој можеби направил грешка, изјави Трамп во Белата куќа.

Претходно, американскиот неделник „Њузвик“ објави дека украинскиот авион, кој се урна во близина на Техеран, го погодила ракета од руско производство „Тор-М1“. Весникот се повикува на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американската и ирачката разузнувачка служба.

Според нив, се проценува дека авионот бил случајно погоден.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.