Аналитичарот Насер Зибери, со правно толкување дека референдумот е голема врема за ништо, затоа што го нема во Договорот од Преспа и нема апсолутно никакво значење

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 11:03

Зибери: Исходот од референдумот не е задолжителен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Исходот од консултативниот референдум нема да биде задолжителен за одлуката што би ја донел надлежниот орган, во овој случај Собранието, смета аналитичарот Насер Зибери.

Ова доаѓа еден ден по изјавата на Талат Џафери за понатамошните надлежности на таа институција доколку референдумот не успее.

Зибери повторува дека референдумот не беше задолжителен во договорот постигнат со Грција, туку официјално Скопје го организира доброволно.

Референдумот не е задолжителен и не е составен елемент од самиот договор. Член 1 точка 4 вели дека договорот ќе стапи во сила по ратификацијата во двата парламента и откако Република Македонија ќе ги донесе уставните измени.

Што значи дека конститутивните елементи за стапување во сила на договорот со Грција се ратификување на законот за договорот и уставните измени. Нашата страна доброволно соопшти дека сака да организира референдум кој ќе биде консултативен врз основа на одлуката на Собранието.

Тоа значи дека нема да биде задолжителна за одлуката што ќе ја донесе надлежниот орган, во овој случај Собранието на Македонија, било за стапување во сила на законот или за ратификацијата на договорот, или пак уставните измени што произлегуваат од договорот со Грција“, вели правникот, Насер Зибери.

Талат Џафери, рече дека и покрај трошоците за референдумската кампања и нејзиниот исход, институциите повторно се оние кои ќе одлучуваат за договорот со Грција во име на граѓаните.

Воздржувањето значи давање право на институцијата да одлучува во нивно име и да продолжи со донесување одлуки“, изјави Џафери.

Џафери, исто така, соопшти дека Законот за јазиците е завршено прашање и оти сите потребни процедури за негово стапување во сила се завршени.

Прашањето за барањето за Законот за јазиците беше одобрено во потребниот рок и во потребното време од соодветната институција како парламентарно мнозинство и како Парламент. Беше изгласан по втор пат, откако шефот на државата не го потпиша и со тоа се заокружи прашањето за донесување на законот“, рече Џафери.

Од друга страна, правникот Зибери проценува дека Законот за јазиците не може да стапи во сила без потпис на претседателот Иванов или барем без претходно евентуално да се најде некој правен инструмент кој би го овозможил тоа, но според него, не е пронајден таков законски простор.

Чинот за потпишување на указот на законот не е прашање што зависи од Парламентот и од претседателот на Собранието, туку од претседателот на државата. Сè додека не се најде инструмент кој ќе обезбеди правна основа за надминување на оваа ситуација, не можеме да кажеме дека денес или утре законот ќе биде објавен во Службениот весник како услов за негово стапување во сила“, нагласува правникот Зибери.

За да се избегне евентуална злоупотреба на пари наменети за референдумската кампања, Собранието како институција која го иницираше гласањето, формираше координативно тело кое ќе се занимава со текот на референдумскиот процес. Со него ќе претседава Џафери, а ќе членуваат и претседателите на парламентарните комисии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.