После големиот успех во Реал, Зизу сака нови предизвици

Објавил: admin@magazin | 17 август, 2018 8:33

Зидан ќе му го заземе местото на Мурињо во Манчестер Јунајтед

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, следната сезона ќе го замени Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед, објави францускиот весник „Л’Екип“.

Како што се наведува, Зидан по три последователни европски титули со Реал, сака нови предизвици, но тоа не е Јувентус. Изборот паднал во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед ниту со Мурињо не успеа да се врати на врвот во домашниот и европскиот фудбал, а трпението на американските сопственици е при крај, па се очекува шанса да добие трофејниот Французин.

Во прилог на доаѓањето на Зидан оди и веројатноста со него во тимот да спласне незадоволството кај Пол Погба и со тоа и тој да остане на „Олд Трафорд“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...