Новинарот Миленко Неделковски со отворен повик до поранешните и актуелни функционери на ВМРО - ДПМНЕ јавно да го соопштат својот став, затоа што се имаа обврска кон тоа

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 7:57

Зошто молчите? За Македонија ако треба се оди и затвор!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Новинарот Миленко Неделковски, ги повика функционерите и поранешни министри од ВМРО – ДПМНЕ, јавно да го искажат својот став околу претстојниот референдум.

Неделковски смета дека треба да разберат дека тоа е прашање кое е поважно од нивните лични интереси.

Зошто не се изјасниле Илија Димовски, Никола Попоски, Канчевска – Милеска? Некои од нив, знаејки ги и нив и нивните родители, без разлика колкав притисок и да имаат, нема да гласаат против Македонија.

Меѓутоа не ми е јасно зошто другите не се изјаснуваат? Зошто не се изјаснува Никола Груевски, Мијалков, Змејковски? – прашува Неделковски.

Тој вели дека оправдувањата кои кружат во јавноста се оти имале кривични пријави и им се заканувал затвор.

Па за Македонија се оди во затвор. Гледате дека ве суди режим, ве судат силеџии. Зарати твојот комодитет не заслужува Македонија и нејзиното големо име да страда. Ќе земеш и ќе се жртвуваш, па ќе дојде друга власт, ќе има обнова на дело, па ќе следи ослободување. – вели Неделковски.

Според него, не се тие избрани од народот за да жртвуваат се само за сопствениот комодитет.

Кучето што јаде маст, ќе јаде и стап. Вие сте должни пред вашите сограѓани и вашите гласачи да се покажете, такви какви што ние очекуваме дека сте. – заклучува Неделковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.