Денеска беше погребан Константинос Кацифас (35), во селото Буларат, кој беше убиен од албанската полиција, откако пукал со кон полицајци, кои сакале да тргнат грчко знаме

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 15:40

Иако ужалени сепак со националистички пораки кон Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Телото на етничкиот грк од Албанија, Константинос Кацифас, кој пред 11 дена беше убиен во престрелка со припадници на албанската специјална полициска единица „Ренеа“, вчера беше предадено на неговото семејство, а денеска е погребан.

На погребот покрај членовите на семејството, присуствуваа жители на селото, Грци од Албанија, како и Грци од Грција. Меѓу присутните можеа да се забележат и грчкиот пратеник од Нова демократија, Савас Анастадиас, како  и лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел Дуле, кој рече дека вистината за убиството на Кацифас мора да излезе на виделина.

Погребот се претвори и во еден вид ,,политичка порака‘‘, бидејќи можеше да се забележи голем број на грчки знамиња, знамиња на кои беше истакнато ,,Македонија е грчка‘ и извици од истиот фолклор. 

Убиството на Кацифас предизвика тензии во грчко-албанските односи, па грчкиот заменик министер за надворешни работи се закани дека и преговорите меѓу двете земји кои се водат за повеќе прашања ќе зависат од истрагата околу настанот во Буларат.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.