Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

Објавил: Владо Марин | 8 јули, 2020 19:59

Иван кој доби срце од Емилија проговори и ја откри големата желба што ја има откако ќе излезе од болница

Фото/Текст извор: ©Сител/Магазин.мк

Сам во болничка соба под постојан надзор на медицински лица. Иван Огњановски го живее својот втор живот. Овој 54-годишен скопјанец е првиот пациент што доби срце од починат донор.

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

Тоа го гледам скоро секој ден. На ехо ме ставаат слушам дека не е пластика или некоја играчка, вели Иван Огњановски.

Во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спасИ човечки живот. Секој ден на ехо ги слуша отчукувањата.

Единствен спас за Иван била трансплантација на срце. Пред да биде изведена оваа сложена интервенција, му се слошило и се разбудил во болница. Знаел дека е прв пациент на кого ќе работи бројниот медицински тим, но му верувал на кардиохирургот Јовев дека ќе успеат.

Др. Јовев ме предупреди..нема мрдање нигде, денес ќе го добиеш срцето. Беше решен дека ова ќе успее, вели Иван.

-За моментот кога се разбуди, кога свати дека операцијата завршила?

Да ви кажам уште не бев свесен дека сум опериран. Малку потешко, кога почнав да ги правам првите чекори видов дека тоа било тешка операција, не дамо легни стани и оди си, вели Иван.

На кардиохирургија Иван вели дека се чуствува безбеден, сигурен и како да е дома.

-Има три сестри, Маријана, Елена и Бојана тие се 24 часа со мене, се менуваат вели Иван.

Иван има една голема желба кога ќе излезе од болница.

Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе оздравам сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство.

Хируршката интервенција почна на 22 мај ноќта…заврши на 23 во раните утрински часови…Во кардиохирургија беа собрани и државно и приватно здравство.

Околу 200 лица учествуваа во процесот со кој ја испишаа историјата во македонското здравство а сите претходни подготовки ги направи тимот на националниот координатор за трансплантација каде се 5 жени.

Целата сторија со видеоприлог може да ја проследите на Сител ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...