Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил.

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2021 11:27

ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА: Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. 

Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство.

Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, истакна Филипче!

Во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а операцијата беше извршена врз момче на 27 годишна возраст, кoe подолго време чекало донор. Момчето го доби срцето од девојка која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи.

Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата! 

Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил.

„Во 3.33 часот  утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, напиша министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...