фб статус на Мицковски

Објавил: Узунов Бобан | 29 јули, 2019 8:03

Ивор Мицковски: Заевизмот е кога мислат дека светот се состои само од гомнари кои треба да замолчат !

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Ивор Мицковски продолжува со силните критики на власта. Тој веќе начинот на владеење на СДСМ го нарекува заевизам, алудирајќи на матрицата на владеење на актуелната власт и на подготвеноста на власта таа да одлучува што е лага а што вистина во земајва. 

На некој начин си дојде како природна последица еднодимензионалните владини полтрони и шутирачи на мртви Германци, да се претворат во полиција на социјалните мрежи која се гледа од аспект на проста дихотомија точно-грешно / вистина-невистина.

Едноставно, целаат таа морална лигавост и ментална ограниченост мораше да дегенерира во некакво тешко срање.

Груевизмот и заевизмот се производи на многу слична ментална заблуда. Се вика културна хегемонија. Тоа се оние кои мислат дека светот се состои само од гомнари кои треба да замолчат, да умрат или да се опаметат по нивни терк.

Ама ај, ќе се освести некој таму да им објасни дека нападот врз демократијата самите перфидно го водат.

(ФБ статус на авторот)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести