Поранешен припадник на „Тигрите" беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2021 9:04

ИГОР СПАСОВ УАПСЕН ВО СОФИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Игор Спасов кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски беше уапсен вчера во Софија. Според првичните информации, поранешниот специјалец Спасов е лоциран и приведен попладнето и ќе биде во екстрадициски притвор, објави тв 24!

Македонското Министерство за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција во земјата, а на бугарските правосудни органи ќе треба да им бидат испратени сите докази и пресудата за убиството на Мартин Нешковски, за кое Спасов доби казна од 14 години затвор. 

Игор Спасов беше осуден на затворска казна за убиство со умисла во траење од 14 години и 6 месеци.

МВР најави повеќе информации за тоа каде се криел Спасов и како дошло до негово апсење. Спасов веќе втора година со здравствените причини го оправдуваше своето отсуство и не се враќаше во затворот Идризово и наместо да се врати откако ќе му заврши лекувањето тој побегна од земјава, по што МВР распиша потерница. 

Поранешен припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година.

Тој има досега отслужено шест години затвор. Спасов тврдеше дека не го убил Нешкоски и бараше тоа да го полиграфско тестирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.