Косовското Собрание е на потег да ја изгласа предлог резолуцијата со која нема размени на територии туку меѓународно обврзувачки правен договор за признавање со Србија

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 8:52

Идејата за размена на територии е мртва

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека идејата за размена на територии меѓу Србија и Косово е мртва.

Премиерот на Косово ја посочи резолуцијата која наведува уставна одредба дека никој, освен Собранието, не преговара за границите е обврзувачка за сите, па и за претседателот на земјата.

Харадинај, одговарајќи на прашања на новинарите, изрази сочувство по повод, како што рече, смртта на идејата за размена на територии и наведе дека би било добро во Собранието во Косово да биде усвоена резолуцијата што ја предложи владејачката коалиција.

Првиот член од резолуцијата е земен од првиот член на Уставот, каде е додаден пасус дека никој не преговара за границите, како и членот кој обврзува дека тоа право го има само собранието. – рече Харадинај.

Партиите од владејачката коалиција во текот на викендов изработија нацрт резолуција од шест точки во која меѓудругото пишува дека Собранието на Косово инсистира дијалогот да се заклучи со меѓународно обврзувачки правен договор, што ќе доведе до заемно признавање на Косово и Србија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.