Изјава за ТВ 21 даде и таткото на Олти, кој истакна дека неговиот син буквално бил злоупотребен на социјалните мрежи. Воедно истакна и дека се чувствувале многу лошо кога ја виделе фотографијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 септември, 2020 22:55

ИЗМАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Со злоупотреба на фотографија од ова дете се обиделе да соберат пари!

Фото/Текст извор: ©тв21

10 годишниот Олти, кој со своето семејство живее во Шведска, а по потекло се од Косово, е детето кое стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи.

До МВР не стигнала пријава за случај за злоупотреба на фотографија на 10 годишниот Олти. ТВ21 пред неколку дена контактираше со семејството на Олти кое стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. На отографијата на Олти беше напишано лажно име – Алтон од Куманово боледува од болест на бубрезите и му се потребни 4 илјади евра за лекување. Неговиот татко, Арѓенд Паќаризи рече дека случајот ќе го пријави во Шведска, каде што живее.

„Ве известуваме дека до овој момент во СВР Куманово не е пријавен ваков случај, но Ве молиме да ни ги доставите сите информации кои ги имате за натамошна постапка“, изјавија за ТВ21 од МВР. 

Изјава за ТВ 21 даде и таткото на Олти, кој истакна дека неговиот син буквално бил злоупотребен на социјалните мрежи. Воедно истакна и дека се чувствувале многу лошо кога ја виделе фотографијата.

„Ја земале и злоупотребиле сликата на мојот син во Куманово. Кога видовме ни падна тешко бидејќи нашиот син е здрав како дрен и не се вика Аљтон и нема 7 години. Ова е Олти, 10 годишен. Живееме во Шведска, а од Косово сме. Кога ја видовме сликата не’ погоди многу тоа. Се чувствувавме многу лошо“, посочи Арѓент Паќарази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.