Во име на граѓаните на Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.

Објавил: admin@magazin | 24 февруари, 2022 18:51

Изразувам силна осуда за нападите кои Русија ги презема над Украина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета, вели претседателот Пендаровски!

Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа.

Како НАТО членка, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

Во име на граѓаните на Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња.

За денеска свикав седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина, заклучи претседателот!

Рускиот претседател, Владимир Путин, на денешната средба со бизнис заедницата во Русија, во однос на руската воена инвазија на Украина, порача дека „Украина не и оставила друга опција, освен оваа“.

„Она што се случува е неопходно, ова е присилна мерка. Украина можеше да создаде такви безбедносни ризици за нас што не беше јасно како Русија ќе можеше да продолжи да постои и не беше можно да се одговори со други средства. Тие не ни оставија шанса да постапиме поинаку“, изјави Путин.

Во својот говор со руските олигарси, Путин рече дека Москва нема друг избор освен да дејствува во Украина и дека руските партнери тоа треба да го разберат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.