Тато мајка ми ме чува од небото а на земјата моја Мајка е Македонија, кажува чичко Милчо!

Објавил: admin@magazin | 24 ноември, 2019 0:57

СИНОТ БРАНИТЕЛ ВО ЗАТВОР, Пратениците дома по папучи(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кога синот единец кој ќе го одраснеш сам од 12 годишна возраст, неправедно ќе ти го осудат на четрнаесет години затвор, во цутот на младоста и зенитот на кариерата во која братот Вили Гајда Михајловски многу има вложено тогаш тешко се збори. Емотивна исповест на таткото на Вилијам Михајловски-Гајда, кој е неправедно осуден на 14 годишна затворска казна за случувањата во собранието на 27 април, 2017 година.

Чичко Милчо собра сила!

Тато мајка ми ме чува од небото а на земјата моја Мајка е Македонија кажува чичко Милчо!

Погледајте го обраќањето до вас Браќа и Сестри!

-Мојот син Вили Гајда е осуден за настаните од 27 април 2017 година на 14 годишна затворска казна. Уште од мало дете се запиша во музичко училиште и можам да кажам дека стана професионален музичар.

-Остана сам без мајка, уште на 12 годишна возраст сам го чував, го воспитував. Тој си ја сакаше својата мајка исто како нашата мајка Македонија. Секогаш велеше мајка ми ме гледа од небото. На 27 април замина за Скопје, влезе во собранието и се случи тоа што се случи. Го направија терорист без потреба. Тој за мене не е терорист, тој за мене е патриота што секогаш си ја сака државата. Тој до сега немал никакви проблеми со власта, од премногу што ја сака Македонија тоа му се случи. Човекот ни крив ни должен го осудија. Многу ми е тешко без него, живеам така секоја ноќ, мислам дека ќе дојде ама се уште го нема.

Тато мајка ми ме чува од небото а на земјата моја Мајка е Македонија кажува чичко Милчо! Вилијам Михајловски-Гајда, е неправедно осуден за случувањата во собранието на 27 април, 2017 година.

-Правдата можеби касни, но верувам дека ќе дојде. Тој беше познат како Вили гајда, одеше по фестивали, свиреше македонски песни заедно со Сузана Спасовска, Гоце Арнаудов, Круме Спасовски и многу други. Има добиено многу признаници од фестивали, и затоа не може тој да биде терорист затоа што ја сака државата.

-Тоа му го наместија, нека им служи на чест.

За мене не бил и никогаш нема да биде терорист. Јасс не можам ова да го исправам, така решиле.

-Тој не беше член ни на една политичка партија во Македонија, ниту на СДСМ, ни ВМРО ДПМНЕ, ниту на ЛДП. Тој само беше патриот кој си ја сакаше државата. Ниту има некого убиено, а го направија терорист, нешто не е јасно или пак јас не разбирам.

-Секоја чест на сите што ми помогнаа, имам и финансиска помош од многу луѓе. Им благодарам на сите за убавите зборови.

Голем поздрав до сите Македонци.

Ја сакам МАКЕДОНИЈА!

Вилијам Михајловски-Гајда, е неправедно осуден за случувањата во собранието на 27 април, 2017 година.

Вили е роден 09.09.1988 во Куманово во скромно и работничко семејство. Своето детство го поминал со својата баба и татко му. Уште како мал ја имал желбата да стане музичар.

Првите негови почетоци се на негова десет годишна возраст. Во основното училиште започнал да ја реализира неговата животна желба. Гајдата и зурлата се неговата водилка и инспирација.

Звукот на овие традиционални македонски инструменти му дава поттик за подобро утре и сила да ги надмине сите животни предизвици.
До сега има соработувано со многу музички ѕвезди од македонската естрада, и учествувал во преработка на многу македонски песни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести