Рокот за доставување на кандидатури беше до вчера на полноќ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 ноември, 2020 10:46

Интегра го кандидира Џими за градоначалник на Штип, вкупно поднесени пет кандидатури

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во трката за градоначалник на Штип се петмина кандидати, информира претседателката на Општинската изборна комисија – Штип, Сенка Андреева.

Рокот за доставување на кандидатури беше до вчера на полноќ.

Во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев кој ги собра потребните 260 граѓански потписи, Лазар Наумов музичар од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од новата  коалиција „Иднината во наши раце“, а составена  од  партиите Демократи  и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија , а најголемо изненадување за штипјани е кандидатурата на Интегра-Македонска конзервативна партија, која за свој кандидат го избра Симон Поликарп, познат на штипјани како  Џими, кој е роден  во Нигерија, а во Штип доаѓа да студира, каде што веќе неколку децении  живее и работи.

Андреева вели дека официјално овие се петмината кандидати за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.