Мицкоски јавно рече дека постои можност осумтемина пратеници да се вратат во старото јато

Објавил: admin@magazin | 28 март, 2019 8:12

„Исклучениот“ Мукоски не размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Не сум размислувал за враќање во ВМРО-ДПМНЕ и не беше разговарано за тоа на средбата со лидерот на ВМРО ДПМНЕ во понеделникот, изјави „независниот“ пратеник Крсто Мукоски за Независен весник.

„На средбата воопшто не стана збор за наше враќање во партијата ниту, пак, претходно сме разговарале за тоа“, потврдуваат од независната пратеничка група за Независен.

Но, еден ден подоцна, на ТВ дуелот со Заев, Мицкоски јавно рече дека постои можност осумтемина пратеници да се вратат во старото јато.

 Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој заседаваше вечерва по изгласувањето на пристапување кон уставни измени, од партијата беа едногласно исклучени седумтемина пратеници кои гласаа „ЗА“ и му обезбедија 2/3 мнозинство за отворање на Уставот на Република Македонија и промена на уставното име.

На средба во Собранието, иницирана од Мицкоски, а на која присуствувале сите осум „независни“ пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Нола Исмајлоска-Старова, Зекир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Елизабета Канческа-Милевска и Владанка Авировиќ), тема на разговор бил статусот на Катица Јанева и нејзиниот тим, актуелната политичка состојба и иднината на земјата.

Според Мукоски,  Мицкоски ги повикал за да им ги образложи ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, тој индиректно побарал „непринципиелната коалиција“ меѓу владата на СДСМ и исклучените од ВМРО-ДПМНЕ да престане да важи секојпат кога премиерот Зоран Заев ќе има потреба од тоа.

„Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, би бил несериозен ако речам дека тоа не е можно“, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата понуда е примена со нота на изненадување во независната пратеничка група. Крсто Мукоски, еден од тројцата пратеници што добија амнестија за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, признава дека не очекувал таква изјава од Мицкоски.

„Не сум размислувал за мое враќање во ВМРО-ДПМНЕ, па затоа не можам да го коментирам ставот на Мицкоски“, вели Мукоски за „Независен весник“.

Сепак, во разговор со членовите на „Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија“, како што гласи нивниот официјален назив, може да се слушне дека тие не се имуни на изговорените зборови на Мицкоски бидејќи тие и никогаш не престанале да се чувствуваат како дел од нивната матична партија.

Мукоски нагласува дека во ниту еден момент не се откажал од идејата за ВМРО,  затоа што, како што вели, тоа е нашата матична партија.

Координаторка на независната пратеничка група е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која е една од оние кои во октомври минатата година гласаа за пристапување кон уставните измени согласно со Преспанскиот договор, додека нејзините тогашни сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ стоеја пред вратите на собраниската сала негодувајќи и дофрлајќи им. Обезбедувајќи ги потребните 80 гласа за пристапување кон промена на Уставот, а потоа и за прогласување на уставните измени, сега независните пратеници си „обезбедија“ и исписници од ВМРО-ДПМНЕ, но потоа дел од нив и амнестија за учеството во настаните на 27 април.

Покрај седумте пратеници (Владанка Авировиќ е од Социјалистичката партија), шут-карта добија и Сашо Мијалков и Никола Тодоров, кои беа „осудени“ дека помогнале во лобирањето за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство во парламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.