Искра е жена која ја сака вистината и нема влакна на јазикот,

Објавил: Весна Петровска | 17 октомври, 2019 16:14

Искра си ја отвори душата за Игор Џамбазов: Ми ја полнеа главата со лоши работи за него!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Поранешната сопруга на Игор Џамбазов беше гостинка во емисијата во живо „Збор по збор“ на ТВ Алфа, таа таму отворено зборуваше за својата приватност, зборуваше за остварувањето како мајка, но и проговори за деновите поминати со најголемиот македонски шоумен Игор Џамбазов.

Искра е жена која ја сака вистината и нема влакна на јазикот,

„Сакам до мене да имам луѓе кои ќе ми ја кажуваат вистината, не сакам некој што само ми клима со глава, што трепка и што постојано се одобрува. Поаѓајќи од себе мислев дека и другите се такви, но испадна дека не е така, Сепак си ги имам вистинските пријатели, а јас на овие години не можам да се менувам веќе, и не размислувам веќе на таа тема. Таква сум, каква што сум, ќе забегаш ако се обидуваш да те сакаат сите“ – вели Искра.

Искра по долго време проговори за деновите со Игор Џамбазов

Денес сопруга и мајка на две дечиња, на прашањето во какви односи е со својот поранешен сопруг Игор Џамбазов, Канзурова вели дека со него нема никаков контакт.

„Нормално дека тој беше дел од мојот живот и ќе остане дел од него, јас не бегам од тоа. Нашиот развод не беше некултурен и нецивилизиран, едноставно беше нешто што на двајцата ни стана јасно дека ќе се случи. После нашиот развод, ако за нешто сум му благодарна, е тоа што немам лоши зборови чуено од него за мене, но ни тој од мене за него. Сепак бевме доста позната двојка и обично познатите двојки успеваат да подлегнат на озборувањата на публиката. Сигурна сум дека него му ја полнеле главата со мене, на мене ми ја полнеа главата со лоши работи за него. Но ние си останавме коректни еден кон друг. И никогаш во јавност не сме изнеле нешто за другиот што тој не би сакал да се знае. Игор се си кажува сам во своите книги, во своите интервјуа, јас никогаш немам ниту дополнето ниту негирано нешто од тоа, за тоа сум му многу благодарна“ – вели Искра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.