Полцијата изјави дека повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани каде им се укажува лекарска помош. Засега не се знае за какви повреди станува збор и дали се надвор од живтона опасност.

Објавил: Весна Петровска | 7 јуни, 2019 18:37

Искршени автомобили и крв на сите страни – тешка сообраќајка на патот Штип -Кочани, три лица повредени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Страшна сообраќајна несреќа ја потресе цела Македонија. Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.

Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.

Полцијата изјави дека повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани каде им се укажува лекарска помош. Засега не се знае за какви повреди станува збор и дали се надвор од живтона опасност.

Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.

Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.

Статистиката покажува дека дури 93 отсто од сообраќајките во земјава ги предизвикале возачите, АМСМ апелира до возачите да внимаваат на знаците и да ги почитуваат поготово таму каде што е ограничена брзината за сообраќај за да не дојде до страшни несреќи со евнтаулни жртви.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...