Напаѓачите биле зад бината, почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата

Објавил: Данаил Михајловски | 22 септември, 2018 15:14

Исламска дежава ја презеде одговорноста за нападот во Иран

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад извршен за време на воена парада во Иран, при што загинаа најмалку 24 луѓе, а 53 се повредени.

Борците на ИД ја нападнаа воената парада во градот Ахваз, се наведува во соопштението на џихадистичката група.

Според локалните медиуми, двајца напаѓачи, кои биле зад бината почнале да пукаат кон учесниците и гледачите на парадата. Потоа се обиделе да пукаат кон личностите кои биле на сцената, но тогаш биле неутрализирани од силите на редот.

Иранските медиуми наведуваат дека најверојатно напаѓачите се повредени.

Голем број цивили, меѓу кои и жени и деца кои дошле да ја гледаат парадата се меѓу жртвите на нападот, објави државната новинска агенција ИРНА, повикувајќи се на неименуван функционер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести