Ислам Абази, гостиварскиот шеф на Вишото обвинителство победи на изборите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“. Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
За разлика од Незири и Абази, едноцифрен број на гласови има обвинителката Деса Пауновска од гостиварското вишо обвинителство и Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат добила над десет гласови.

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.

За разлика од Абази, неговиот противкандидат со кого водат тесна битка, Ермон Незири, во дебатата на „А1он“ ги кажа сите критики, планови и визија за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Незири посочи дека 70-80 отсто е сигурен дека ќе победи на овие избори.

Објавил: Едмонд Бекири | 7 ноември, 2022 18:02

Ислам Абази е нов шеф на местото од Русковска, Незири има два гласа помалку

Фото/Текст извор: ©a1 on

Ислам Абази, гостиварскиот шеф на Вишото обвинителство победи на изборите за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“.

Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Пребројувањето е завршено, а се очекува и официјално да се презентираат резултатите.

За разлика од Незири и Абази, едноцифрен број на гласови има обвинителката Деса Пауновска од гостиварското вишо обвинителство и Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат добила над десет гласови.

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е непознат за јавноста дотолку повеќе што медиумите не можеа да најдат ниту фотографија од неговиот лик. Тој избегна и дебата во „А1он“, каде присуствуваа другите кандидати. Неговото оправдување беше дека има други обврски, а откако оставивме сам да одлучи кога може да дојде, тој не одговараше на пораките и повиците. Исто постапи и со другите медиуми, каде не одговараше на новинарски повици. За него, во јавноста се шпекулира дека зад кандидатурата за шеф стои ДУИ. Тој никогаш не одговори дали се точни овие шпекулации.

За разлика од Абази, неговиот противкандидат со кого водат тесна битка, Ермон Незири, во дебатата на „А1он“ ги кажа сите критики, планови и визија за Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Незири посочи дека 70-80 отсто е сигурен дека ќе победи на овие избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести