Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на Транспаренси интернешнл, сега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостато

Објавил: Мате Парлоф | 3 април, 2022 17:58

Ковачевски: Во Македонија има стабилна економија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во интервју за европската телевизиска мрежа „Еуроњуз“ говори за актуелни прашања, за одржувањето на економската стабилност во земјата и за напредокот и за стратегијата на Владата за полноправно членство во ЕУ, истакнувајќи ја новата енергија во дијалогот со Бугарија, која ќе помогне за совладување на предизвиците и започнување на преговорите со Европската Унија.

„Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на Транспаренси интернешнл, сега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, и сме мошне среќни поради ова подобрување“, вели премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“.

Тој во интервјуто додава дека макрофинансиската помош на Европската Унија помогна многу, не само од перспектива на чиста финансиска помош, туку и од аспект на продолжување со реформите коишто ги започнавме во областа на управувањето со јавните финансии и во другите области.

„Ова, исто така даде јасен сигнал до другите меѓународни финансиски институции и донатори со кои соработуваме, дека имаме стабилна економска политика во време на кризи“, оцени премиерот Ковачевски кој се осврна и на обезбедената редовна координација со институциите на ЕУ во насока на зајакнување на јавните институции со цел соодветно остварување на потребните реформи.

Премиерот Ковачевски за „Евроњуз“ повтори дека Северна Македонија има јасна стратешка цел да стане полноправна членка на евроатлантските асоцијации.

Тој ги истакна придобивките од членството во НАТО како 30-та земја членка, и додаде дека новиот дијалог со неговиот бугарски колега, Кирил Петков е со цел да се врати довербата меѓу двете земји за да се потткне остварувањето на аспирацијата на земјата за членство во Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...