Врз американската Амбасада во Анкара утрово околу пет часот по локално време било пукано од возило во движење

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 8:49

Истрели врз американската Амбасада во Анкара

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Врз американската Амбасада во Анкара утрово околу пет часот по локално време било пукано од возило во движење .

Погоден е објектот за обезбедување но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.

Инцидентот се случува во време на затегнати турско американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор. Турција не сака да го ослободи свештеникот кој е осомничен за шпионажа и обвиненија поврзани со тероризам.

Двете држави воведоа дополнителни царини а САД санкционираше двајца турски министри. Во меѓувреме турската лира изгуби над 35 отсто од вредноста спрема доларот од почетокот на годината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести