Комунистичката партија на Кина својот министер за јавна безбедност, сега поранешен директор на Интерпол, Минг Хонгвеј, го приведе и обини дека е десидент за својата татковина

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 7:12

Исчезнатиот претседател на Интерпол, поднесе писмена оставка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на Меѓународната криминална полициска организација (Интерпол), Минг Хонгвеј кој исчезна кон крајот на септември, поднесе оставка.

Новиот претседател на Интерпол ќе биде избран на Генералното собрание кое ќе се одржи помеѓу 18 и 21 ноември.

Во писменото соопштение на Интерпол со седиште во францускиот град Лион се наведува дека претседателот на оваа институција, Минг, поднесе оставка.

Денес, на 7 октомври, генералниот секретаријат на Интерпол со седиште во францускиот град Лион ја доби одлуката на Минг Хонгвеј за оставка од функцијата претседател на Интерпол, одлука која веднаш ќе се обработи. – се вели во соопштението на генералниот секретаријат на Интерпол.

Во ова соопштение се истакнува дека според правилата на Интерпол, функцијата претседател ја презел јужнокореецот Ким Јонг Јанг, како најстар член на извршниот комитет на оваа институција. Се вели дека новиот претседател ќе биде избран на Генералното собрание кое ќе се одржи помеѓу 18 и 21 ноември во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Претходниот ден беше соопштено дека Минг исчезнал, и околу тоа беше започната истрага.

Пред да биде избран за претседател на Интерпол Минг вршел значајни функции во Кинеската комунистичка партија. Тој на 29 септември ја напуштил Франција со цел да ја посети неговата земја, но од тој датум не можеше да се воспостави контакт со него.

Според денешното соопштение на Централната комисија за дисциплина и инспекција при Кинеската комунистичка партија, против Минг кој истовремено е министер за јавна безбедност на Кина, е започната истрага под сомнение дека ги прекршил законите.

Минг во ноември 2016 година беше избран за претседател на Интерпол.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.