Се поизвесниот иден премиер на Италија, актуелниот министер за внатрешни работи Матео Салвини, издејствува од Владата, Декрет за построги критериуми за заштита на мигрантите

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 11:06

Италија со декрет ќе се бори од напливот на мигранти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Италијанската влада на седница усвои декрет со кој се воспоставуваат построги критериуми за хуманитарна заштита на мигрантите.

Ова за медиумите и јавноста го изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Хуманитарната заштита ќе биде одобрена само за жртвите на експлоатација на трудот, криумчарени луѓе, домашно насДлство, природни катастрофи или оние на кои им е потребна медицинска помош, како и на тие кои направиле “дела одредени како граѓанска вредност” што се однесува на хероизам.

Салвини рече дека евалуацијата на барателите на азил ќе биде суспендирана за оние кои се “опасни за општеството” или осудени за злосторства.

Тој инсистира со декретот никој никому да не му ги загрозува фундаменталните права.

Декретот, исто така, повикува на намалување на дневниот износ на пари за барателите на азил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.