Министерот Гаши е трето кадровско решение на оваа функција за само шест месеци, при што премиерот Харадинај отворено се сомнева дали Пацоли има квалитетни кадри

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 8:23

Разрешен министерот за внатрешни работи на Косово

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за внатрешни работи на Косово, Бејтуш Гаши е разрешен од функцијата на барање на неговата партија.

Алијансата за ново Косово (АКР) е предводена од вицепремиерот и шеф на косовската дипломатија Беџет Пацоли.

Веста во изјава за косовските медиуми ја потврди извршниот секретар на АКР, Рахим Пацоли, кој нагласи дека партијата поднела барање до премиерот Рамуш Харадинај за разрешување на Гаши и “сега зависи дали Владата тоа ќе го усвои”.

Разрешувањето на Гаши, според Рахим Пацоли, е поради неговите “слаби перформанси” на чело на Министерството за внатрешни работи.

Секој министер на АКР треба да работи повеќе за доброто на народот. – изјави Рахим Пацоли.

На местото на Гаши, ќе биде именува Екрем Мустафа, кој исто така доаѓа од партијата на Беџет Пацоли.

Гаши дојде на чело на косовското Министерството за внатрешни работи во април годинава, на местото на Бајрам Сефај, од кого Харадинај побара оставка поради одговорноста за депортирање во Турција на шестмина турски државјани, кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини дека се соработници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад неуспешниот обид за преврат од јули 2016 година.

Косовското Собрание за случајот на “ѓуленистите” формира анкетна комисија, а во медиумите и јавноста се претпоставува дека наредбодавач за тајната акција на косовските разузнавачки служби, кои и ги испорачаа на Турција шестмината турски државјани кои со семејствата живееја и работеа во Косово, е претседателот Хашим Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.