Италијанскиот министер за внатрешни работи, извесен иден премиер, Матео Салвини им рече “ариведерчи” на Меркел, Шулц и Јункер.
Резултатот од локалните избори во германската провинција Баварија покажува дека “стариот систем” е отфрлен во Европа. – напиша на “Твитер” министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Италија, Матео Салвини.
Во Баварија победи промената а изгуби ЕУ, напиша Салвини на социјалната мрежа, ова е историска загуба за демохристијаните и социјалистите.
Првите резултати од регионалните избори во Баварија покажаа дека конзервативците и социјалдемократите губат поддршката, додека екстремно десничарската партија добива околу 10-11 отсто и за прв пат влегува во парламентот во Минхен.
“Ариведерчи, Меркел, Шулц и Јункер!” – напиша Салвини, мислејќи на Ангела Меркел, поранешниот претседател на Европскиот Парламент и поранешен претседател на социјалдемократите Мартин Шулц, како и на претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.