Одобрено е клиничко испитување на вакцината СОВИД-19 во Германија, соопшти Федералниот институт за вакцини во таа земја.
Ова ќе значи дека 200 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 55 години ќе добијат неколку варијанти на вакцини, бидејќи научниците ја тестираат ефикасноста на обезбедување имунитет на вирусот, пренесува Independent.
Во тек е трка за да се развие вакцина која ќе помогне во борбата против ширењето на коронавирусот, во кој досега починаа повеќе од 177.000 луѓе и се заразени 2,5 милиони, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс.
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека најмалку 20 различни вакцини COVID-19 во моментов се во фаза на развој, вклучително и неколку во фазата на клиничко испитување.
Еден швајцарски имунолог, според неговите наводи, развил кандидат за вакцина против коронавирусот, која, по успешното тестирање, би можела да се користи уште оваа година.
Мартин Бахман од Универзитетската клиника во Берн има намера потребните студии и процесот на одобрување да ги помине што е можно побрзо и во октомври во Швајцарија би можело да почне масовно вакцинирање.
Надзорната комисија во здравството „Свисмедик“ ги потврди разговорите со Бахман и други истражувачи кои работат на вакцината против коронавирусот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.