Но тоа не е се, денеска Катица Јанева остана и без нејзиниот адвокат.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 18:29

И ПАВЛЕСКИ ДИГНА РАЦЕ ОД ЈАНЕВА: Шефицата на СЈО остана без адвокат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шефицата на специјалното обвинителство моментално се наоѓа во притвор во затворот во Шутка, на Катица Јанева неодамна и беа прекинати сите привилегии кои ги имаше како шеф на СЈО.
Во четврток Собранието ќе го разгледува извештајот за разрешување на Катица Јанева.

Но тоа не е се, денеска Катица Јанева остана и без својот адвокат.  Оваа информација ја потврди  самиот Павлески за поталот СКМ.

Адвокатот Павлески нема да ја застапува Катица Јанева повеќе

-Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство – изјави за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ адвокатот Павлески.

Поради конфликт на интереси, Павлески мораше да се одлучи дали ќе ја застапува Јанева или осомничените од СЈО, односно бизнисменот Цветан Панделевски во предметот „Империја“ и Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.

За време на апсењето на Јанева, Павлевски тврдеше дека таа е жртва.

За потсетување, Катица Јанева е уапсена на 21 август која се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.