Режисерот Јани Бојаџи, чие филмско остварување за малку не беше цензурирано од владата на СДСМ и Заев, повика на трезвеност, бегање од дефокусирањето и протести

Објавил: Мартин Попоски | 18 ноември, 2018 7:14

И режисерот Бојаџи повика на протест

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Режисерот Јани Бојаџи повика на протест, што ќе се одржи денес пред Собранието на Република Македонија во 18 часот во организација на движењето Бојкотирам.

Бојаџи актуелен во македонската јавност не стана само по своите уметнички достигнувања, туку и поради првиот обид независна и самостојна Република Македонија да цензурира филмско дело, и тоа по наредба од премиерот Заев.

Бојаџи за протестите се огласи на социјалните мрежи:

Останете фокусирани! Не дозволувајте да не расејуваат со шарени пеперутки кои ги пуштат да прелетуваат пред нашите очи. Тоа е нивната крајна цел. Да не гледаме како не демонтираат. Знам дека сме на седативи па не чувствуваме болка. Ама можеме и мораме да гледаме како го прават тоа. Не вртете ја главата!

И најладнокрвниот убиец не сака да му се види лицето. Гледајте ги! Покажете им дека знаете кои се и што прават. Нека им трепери раката на секое замавнување. Борете се. Спротиставувајте се на секој можен начин.

На улица. На работа. Во институции. На социјални мрежи. Уморете ги! Тоа е нивната најслаба точка. Тоа се муфљузи неподготвени да сработат до крај ниту една работа! Тие постојат само затоа што постоиме ние. Ако не нема нас ќе нема на кого да глумат држава и власт. Или да заминеме сите до еден, или да се бориме до крај! Не лутете се на тие што ќе заминат.

Не може секој да ја издржи ова неизвесност. Ова се фашисти кои ќе се закануваат, ќе плашат и ќе сеат страв! Ќе извадат полиција и војска на улица. Ќе апсат за кажан збор!

Но сосема е јасно. Се што почнува со кич – ќе заврши со крв! Таков е фашизмот. Ќе се урниса во својата немоќ. За тие што ќе останат, ова ќе биде долга, болна и неизвесна борба. И никој не вели дека ќе биде лесно.

Но, и најтивкото говорење започнува со првиот гласен збор: протестирам! – напиша Јани Бојаџи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести