Откако Никола Димитров побара јавно да се објават имињата на сите стипендисти, по аферата поврзана со неговата ќерка, ново име на "примерен" студент е Тале, син на Хари Локвенец

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 14:21

И синот на Локвенец стипендиста од 113.000 долари?

Фото/Текст извор: ©три.мк

Тале Локвенец син на пратеникот Хари Локвенец добил неверојатни над 113.000 долари стипендија за студии на Универзитетот Ворвик во Англија.

Тале Локвенец, син на пратеникот Хари Локвенец, кој во последните месеци го тресат низа скандали со тендерски набавки. 

Таму едногодишната уписнина е 21.200 фунти, помножено по три години е 63.600 фунти, а трошоците за живот според договорот се 7.605 фунти на година или 22.800 фунти за три години.

Вкупно се работи за сума од над 86.000 фунти или над 113.000 долари.

Целиот Договор помеѓу Тале Локвенец и министерството за образование и наука го објави порталот три.мк

Сега се прашуваме уште колку вакви договори не се достапни на јавноста? И колку дечиња чекаат на лечење во меѓувреме со загрозен живот а немаат средства?

Дали се сеќавате на Тамара? Колку Тамари е сега повторно легитимно прашање?

Можеби Никола Димитров по аферата со стипендијата за неговата ќерка која зема 40.000 евра за студии во “родната” Холандија и не требаше да посака да се објават имињата на сите стипендисти.

Владата со 40.000 долари стипендија за ќерката на Димитров?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести