Убијците од притвор (не)смеат да користат мобилни апарати или компјутери и да агитираат во изборен процес, иако тоа МВР го толерира и дозволува, како што Тоска го поддржа Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 10:01

И убиецот Енвер Тоска му даде поддршка на Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Полицаецот Енвер Тоска, кој е во притвор бидејќи се сомничи за грозоморното убиство во Беловодица, на референдум во неделата јавно му даде поддршка на премиерот Зоран Заев, за промена на уставното име на Република Македонија.

Тој на својата профилна слика додаде натпис “Излези за европска Македонија”, што беше водечко мото во владината кампања за референдумот.

За потсетување, Енвер на 14 овој месец, го убил 36 годишниот Бекир А. а потоа го запалил.

Полицаецот на убиениот прво му понудил да му продаде патничко моторно возило марка “Голф 5”.

Двајцата контактирале преку пораки на “Фејсбук” при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот Бекир да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба зa поголема сума пари во евра.

Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чекал сопственикот на возилото.

Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото.

Во еден момент Енвер. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми. По убиството, полицаецот одзел една ташна со 4.000 евра, пари кои биле предвидени да ги плати за возилото.

Потоа, извадил шише со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето Бекир А. и го запалил.

Како и зошто Тоска го уби Бекири во прилепско? (сите детали од настанот)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.