Се поизвесна е реконструкција на владиниот кабинет на прамиерот Зоран Заев, неизвесно е кој прв ќе ја напушти "Илинденска" број 2, Тевдовски, Сугарески, Анѓушев или Хазби Лика

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 7:23

Кавги во владата на Заев, кој прв ќе “лета” од кабинетот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Нервозна атмосфера и дебата на последната владина седница во која биле вклучени министри, но и самиот премиер Зоран Заев.

Од извори од извршната власт се започнало кога министерот за финансии Драган Тевдовски јавно изнел забелешки на адреса на неговиот колега Кочо Анѓушев.

Забелешките се однесувале првенствено за процедурите за изградбата на автопатиштата, кои се уште се во тек. Во целата ситуација се вмешал и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и премиерот Зоран Заев, кој ги искритикувал министрите дека не работат како што треба.

премиерот Заев негира дека имало недоразбирања, но сепак открива дека пред пет дена на Економскиот совет дал конкретни насоки за капиталните инвестиции, пред се железницата и гасификацијата. Заев вели дека прашањето за автопатиштата е затворено. На истата седница забелешки имало и за односот на Хазби Лика.

  Не може да не доаѓа на седници и затоа ќе мораме во брзо време да донесеме одлука. – открива Заев.

Поради целата ситуација не треба да се исклучи можноста наскоро да има реконструкција на владата.

Доколку се случи тоа местото на Хазби Лика би дошол Атила Реџепи, шеф на штабот на ДУИ за референдумот. Информациите говорат реконструкцијата би можела да го опфати министерот за финансии Драган Тевдовски, евентуално и минисерот за транспорт и врски Горан Сугарески, но и вицепремиерот Кочо Анѓушев. 

Сепак, од Владата велат дека во моментов воопшто не размислуваат за кадровски смени во владиниот кабинет.

Извори од владата лиферуваат дека можно е да бидат сменети и министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, како и министерот без ресор, Аднан Ќахил.

Што се однесува до министрите на ДУИ, сигурни на своите позиции засега се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, но и Садула Дураку, прв човек на Министерството за животна средина и просторно планирање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.