Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, температурата на воздухот ќе се искачи до околу 12 степени.

Објавил: Перо Милчин | 13 март, 2021 13:00

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ И НА ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, температурата на воздухот ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа за време на викендот локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за слаб локален дожд, особено утре и тоа во западните предели. Максималните температури ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Нови поинтензивни врнежи од дожд, и снег на планините и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат од понеделник кога ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...