Албанија од рано утрово ја стресе повеќе земјотреси, а последниот е регистрирам нешто по 14 часот со јачина од 5 , а во меѓувреме биле регистрани уште 40 потреси.

Објавил: Весна Петровска | 26 ноември, 2019 19:19

КАКО ДА СЕ СРУШИЛЕ 3 АТОМСКИ БОМБИ ВО АЛБАНИЈА: Волкава била силата на 40 земјотреси кои ја погодија оваа земја

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Според податоците објавени на порталот “Volcano discavery” земјотресот од јачина од 6,4 степени, кои денеска Албанија ја здрма , по силината на земјотресот е исто како 60.000 тони експлозив на ТНТ, што е еквивалент за три атомски бомби, пренесе порталот Сот њуз.

Албанија од рано утрово ја стресе повеќе земјотреси, а последниот е регистрирам нешто по 14 часот со јачина од 5 , а во меѓувреме биле регистрани уште 40 потреси.

Според последните податоци, 19 лица го загубија животот во оваа природна катастрофа, од кои се и две деца. нема податоци колку граѓани се уште се наоѓаат под рушевините , а последна информација е дека се спасени 42 лица.

Најмногу се погодени подрачјата на Драч и Туман.

Општина Тетово одлучи да прогласи денови на жалост, како и да одвои средства за хуманитарна помош по повод земјотресот во Албанија. Одлуките се донесоа на вонредна седница на Советот на Општината.

– Прогласени се среда, 27-ми и четврток 28 ноември како денови на жалост во Општина Тетово во знак на солидарност со жртвите од земјотресот во Албанија. Одлучивме и да се одвојат еден милион и петстотини илјади денари како хуманитарна помош. Средствата ќе се донираат за градот Драч и населбата Тумана за справување со последиците од земјотресот. Финансиите се обезбедени од резервниот фонд на Општината, информираше Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

 

Општина Тетово организира и собирни пунктови за донација на помош која им е најпотребна на настраданите во најпогодените подрачја од земјотресот. Помошта може да се остави во Противпожарната единица во Тетово на улица „Индустриска“.

– Поради вонредната состојба, првото собирање на донациите ќе започне на 27 ноември 2019 година (среда) до 12 часот и истите веднаш ќе бидат испратени во Албанија. Со собирање на донациите ќе се продолжи и во втората смена и ќе трае до 18 часот, информираат од Општината.

Се формираше и кризен штаб за транспорт на помошта собрана и наменета за погодените области.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.