Османи тврди дека имаат 81 пратеник, ВМРО - ДПМНЕ со став дека во очај се блефира, а Заев веќе не тврди туку мисли дека понеделник ќе има поддршка за уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 11:33

Како наближува понеделник, Заев мисли, но веќе не тврди дека има 81 пратеник

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев вели дека има огромен број на пратеници кои ќе ги поддат уставните измени во парламентот.

Нема план Б за договорот со Грција. Но не појаснува што е за него “огромен број”. Бизнисменот Заев често е “скаран со логиката и математика” па не е јасно дали огромен број значи и 2/3 мнозинство т.е. 81 пратенички глас во поддршка.

Заев само вевува во пратениците и ниваната размуност дека доколку се пропшушти оваа шанса долго време ќе нема друга. Заев ги повика народните избраници да си ја преземат одговорноста и исправено храбро на крајот од денот да донесе одлука во интерес на Македонија.

Вчера разговарав со пратениците. Сите се свесни и на сите им е јасно дека нема план Б. Ако оваа можност пропадне што после. Сите се ужаснати од помислата што после ако пропадне оваа можност.

Бројката е огромна дури од опозицијата, голема е заради тоа што луѓето веруваат, тоа се општественици луѓе, и политичари, пратенции и сл. Веројатно заканата, непријатниот момент кој го живеат и доживуваат се причини до крај да не направат експресија на своите ставови. Сите тие се одговорни личности, и мнозинството и она што е опозиција во Парламентот, сите се одговорни, сите знаат многу добро, исто како него дека оваа шанса треба да се искористи, заради тоа што е неповторлива.

Сите знаат дека договорот од Преспа е фер и правичен, дека подобар не може да има, дека без договор нема ЕУ и НАТО, а без тоа нема економски прогрес, инвестиции, раст и развој, нема квалитетен живот дома. Верувам дека покрај дебатата, вчера почна да се создава амбиент на преземање одговорност, секој да си ги каже своите резерви, својата болка, својата мака, но на крајот на денот на гласањето треба да бидеме сите исправени и да донесеме храбра одлука, одлука за иднината на Македонија. – рече Заев.

Вицепремиерот Бујар Осмни денеска рече дека во собранието веќе е обезбедсено двотретинско мнозинство по што од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека власта блефира.

Зоран Заев е во паника затоа што не помина неговата капитулација и граѓаните го осудија обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој ги прифати грчките црвени линии. Затоа Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО – ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси.

Денес продолжува седницата на Комсијата за уставни прашања каде на дневен ред се уставните измени а за во понедленик и собраниска седница со единствена точка на дневниот ред Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести