Зоран е полн со гафови што малкумина знаат дека е дел од неговиот Пи Ар за дефокусирање од реалните случувања, но не е гаф дека можеби може да обезбеди 81 пратенички глас

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 12:39

Како СЈО ќе се обиде да обезбеди 81 пратенички глас на Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичката алатка пресликана во Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева работат на отворените а најавени можности од премиерот Зоран Заев да обезбеди 2/3 мнозинство за уставни измени.

Технички, математички и правно, со овој пратенички состав во Собранието на Македонија, Заев има поддршка од 71 пратеник од т.н. владеачка коалиција за отворање на Уставот и имплементирање на членовите од Договорот од Преспа.

Но за Уставни измени треба 2/3 мнозинство од 120 члениот законодавен дом и бадентерово мнозинство од етничките заедници.

Каде Заев ќе најде уште 10 пратеници?

Специјалното јавно обвинителство во последно време во фокусот има 2 предмети иако изгледа дека се работи активно на повеќе. Суштински па дури и со изјава од Јанева е потврдата за пресудата на Никола Груевски за случајот “Тенк” за двегодишна казна затвор.

Груевски не е само поранешен премиер на Македонија и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ туку и актуелен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата.

По потврда на пресудата од скопска Апелација мандатно имунитетната комисија на Собранието на Македонија ќе мора да му го укине пратеничкиот имунитет на Груевски со што тој по пресуда и ќе престане да биде пратеник. На негово место во законодавниот дом ќе дојде Ѓоко Камчев кој во Изборната единица четири каде ВМРО – ДПМНЕ освои 10 пратенички места е 11-ти на кандидатската листа.

Камчев веќе бил пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ но нема изразено јасен став по основ на Уставните измени.

Воедно се работи на решавање и на случајот со инцидентот во Собранието на Република Македонија кој се случи на 27 април 2017 година.

Во него осомничени се пет пратеници на ВМРО – ДПМНЕ: Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

При пресуда за делото за кое се обвинети на сите како и на Груевски ќе им престане пратеничкиот мандат а на нивно место ќе дојдат:

Во ИЕ 1 на местото на Љупчо Димовски би дошла Светлана Јакимовска, поранешна пратеничка од ВМРО – ДПМНЕ.

Во ИЕ 2 на местото на Јохан Тарчуловски би дошол Бојан Стојановски, член на УМС на ВМРО – ДПМНЕ

Во ИЕ 5 на местата на местата на Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Сашо Василевски би дошле Соња Талевска, Момчило Аврамоски и Алим Билали.

Талевска е поранешна пратеничка од ВМРО – ДПМНЕ, Аврамоски е член на ВМРО – ДПМНЕ од Струга а Билали е исто така поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

Со ова се отвараат неколку прашања.

Дали СЈО има намера да направи “реорганизација” во пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата?
Колкав притисок врши СЈО врз пратениците на ВМРО – ДПМНЕ?
Зошто 28 пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата сеуште не се изјаснија дека се против Уставни измени?
Дали некој ги прашал можните идни пратеници кој е нивниот став по однос на Уставните измени?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести