Канческа Милевска по координирањето со телото за национално помирување извесно е дека ќе мора почесто да оди и на судски рочишта, како веќе и е формирано ново обвинение

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 6:46

Канческа Милевска “наградно” со уште една истрага од СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Координаторката на новата пратеничка група одметнати пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Канческа Милевска, првоосомничена во новата истражна постапка на СЈО на Катица Јанева.

Имено во Специјалното јавно обвинителство веќе се води предистражна постапка за Албанскиот театар.

Министерството за култура одлучи да го испрати на разгледување во Владата посебниот извештај за реконструкцијата на Албанскиот театар.

Министерот Асаф Адеми на брифинг со новинарите посочи дека по консултација со службите е одлучено извештајот да се разгледува на владина седница.

Документот на 30 страни ќе биде препратен до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, затоа што СЈО води обемна предистражна постапка за „Скопје 2014“ која ја опфаќа и санацијата на Албанскиот театар која трае скоро пет години.

Работната група која беше формирана по барање на Министерството за култура, напиша неколку заклучоци, а дел од нив се однесуваат и на водењето на тендерските постапки за театарот.

Неофицијално од извори од СЈО, првоосомничена е поранешната министерка за култура, актуелна пратеничка, Елизабета Канечска Милевска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести